Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Пукање на Бит Пазар – Оштетени два автомобили, прозори од куќа…

На 27.10.2024 во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35).

Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

АЛАРМ ЗА ВРЕМЕТО: Четврток носи пообилни врнежи и грмежи – објавена е четиридневна прогноза

ДЕСК

Ова е најновата вчерашна објава на Никола Груевски на социјалните мрежи, после тоа го нема

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК