Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: повреден 44-годишен мотоциклист

На 26 октомври 2024 година, во 16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Борис Трајковски“, улица „Иван Козаров“ и улица „Есенинова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл „Хонда“, исто така со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, 44-годишниот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за медицински третман. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, која ги истражува причините за инцидентот.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +