Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Меџити-Миљаниќ: Градење партнерство и пат кон европска интеграција

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го прими амбасадорот на Црна Гора Н.Е. Зоран Миљаниќ.
Амбасадорот Миљаниќ му честиташе на вицепремиерот Меџити за неговата нова функција и ја оцени оваа средба како одлична можност да се истакне важноста на односите и да се зајакне соработката меѓу двете држави.

Тие разговараа за можностите за економски развој преку соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора. Беше нагласена потребата од идентификување заеднички проекти што ќе ги промовираат инвестициите и ќе придонесат за одржлив раст на економиите на двете држави. Меџити и Миљаниќ се сложија дека секторите туризам, енергетика и земјоделството нудат голем потенцијал за соработка.

Друга важна заедничка точка во разговорите беше патот кон членство во Европската Унија. Двете земји се посветени на исполнувањето на потребните критериуми и унапредување на реформските процеси, при што заемната соработка ќе биде клучна за постигнување на оваа заедничка цел.
Исто така, вицепремирот Меџити ја потврди својата и посветеноста на институциите за зајакнување на односите со Црна Гора и за заедничка работа кон успешна иднина во Европа.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК