Centar.mk
БИЗНИСвест

Димитриеска-Кочоска на средба со новиот заменик-помошник секретар за ЗБ во Стејт Департментот, Касанов – Приоритет е справувањето со корупцијата и криминалот, се зајакнуваат капацитетите на институциите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на работната посета на САД во Вашингтон, оствари средба со Александар Касанов, нов заменик-помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот. Тој доаѓа на местото на Габриел Ескобар.

На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба во земјата. Притоа министерката се осврна на механизмите за справување со корупцијата и за зајакнување на капацитетите на институциите. Исто така, таа ги истакна и напорите што се прават во однос на зголемување на економскиот раст, којшто ќе донесе подобар животен стандард за граѓаните.

На состанокот беше потенцирана поддршката и партнерството помеѓу САД и РС Македонија во обезбедување развој на земјата и продолжување на реформите од евроинтеграцискиот процес. Беше поздравено и одобрувањето на реформските агенди на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата земја, од страна на Европската Унија, со кои се поддржува забрзување на процесот на пристапување на земјите од регионот во ЕУ.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

ДЕСК

АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли

ДЕСК

Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ

ДЕСК