Децата на Шон Диди Комбс објавија заедничка изјава во врска со наводите против нивниот татко.
Тие споделија семејна фотографија на Инстаграм заедно со изјава во која се осудуваат „теориите на заговор и лажните наративи“, нагласувајќи дека ќе го поддржат својот татко.
Тие напишаа: „Изминатиот месец тешко го погоди нашето семејство. Многумина не судеа и него и нас врз основа на обвинувања, теории на заговор и лажни наративи кои достигнаа апсурдни размери на социјалните мрежи. Ние стоиме обединети, те поддржуваме на секој чекор од патот. Се држиме до вистината, знаејќи дека таа ќе победи и ништо нема да ја скрши силата на нашето семејство, ни недостигаш и те сакаме, тато“.
Диди беше уапсен во Њујорк и е во притвор соочен со обвинувања дека сексуално напаѓал жени и ги принудувал да учествуваат во секс забави и да употребуваат дрога користејќи закани и насилство.
Неделава против него беа поднесени уште пет обвиненија. Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал. Дополнително, Комбс се товари дека дрогирал еден маж и три жени./Извор:Makfax