23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сестрата на Ким Џонг-ун: Украинците и Јужнокорејците се луди, тие ризикуваат уништување

Ким Јо-Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, вчера ги критикуваше Украина и Јужна Кореја по извештаите дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија, нарекувајќи ги двете земји „злобни кучиња одгледани од САД“.

Таа предупреди дека „воената провокација против држава со нуклеарно оружје“ може да доведе до „ужасна и незамислива“ ситуација.

Ги осуди „непромислените забелешки“ на Сеул и Киев за државите со нуклеарно оружје, опишувајќи ги двете нации како „лудаци“ кои ризикуваат „уништување“.

„Никој не знае како ќе заврши нашата одмазда“, рече таа. Гневниот излив следеше по извештаите од Киев и Сеул дека Северна Кореја испраќа војници да се борат заедно со Русија во нејзината војна против Украина. Јужна Кореја и Украина соопштија дека околу 10.000 севернокорејски војници моментално се наоѓаат во Русија, а воените блогери објавија снимки од тие војници во воена база.

Пјонгјанг и Москва ја зајакнаа својата воена соработка откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа договор за сеопфатно стратешко партнерство во јуни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Северна Кореја ја поддржува Русија поради пари.

„Мислам дека Северна Кореја е многу сиромашна. Постојаниот претставник на Јужна Кореја во Обединетите нации, Хванг Џун Кук изјави дека Русија, освен пари, на Северна Кореја може да и даде и технологии поврзани со производство на нуклеарно оружје“.

Додека Северна Кореја негираше дека е вмешана во војната, нарекувајќи ги извештаите „неосновани гласини“, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ниту ги потврди ниту ги демантираше тврдењата, велејќи дека Русија има право да соработува со Северна Кореја бидејќи соработката не е насочена кон трети земји./Извор:Makfax