Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, да создадеме општество на можности и почит

Обраќање на Мицкоски:

Нека е честит и вековит денот на Македонската револуционерна борба.На овој ден е формирана и Македонската револуционерна организација.

Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое се вгради во изградбата на самостојна држава и своја самосвест.

Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација.

Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност.На овој ден да се потсетиме на хероите кои ги дадоа животите за слободна Македонија, но и на заветот кој не обврзува.

Потребно е да работиме за да донесеме иднина, да ја закрепнеме државата, да овозможиме правда, и економски просперитет.

Народот да живее подобро и секој атом да го насочиме кон создавање на посветла иднина каква граѓаните заслужуваат.

Да не го губиме времето на поделби и прашања кои не разединуваат, туку посветено да работиме за подобар живот, повисок стандард и да создадеме општество на можности и почит.

И ова е заедничката битка во остварувањето на целта.

Нека е вечна организацијата и нашата Македонија. Со целосна почит за Македонската револуционерна борба.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК