Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ Јанев во завршниот дел на годишната Конференција на Меѓународната Асоцијација на шефови на полиции ја истакна важноста од потребата за тесна соработкa со соседните држави заради успешно соочување и надминување на предизвиците во борбата против криминалот

Во текот на завршниот дел од годишната Конференција на Меѓународната Асоцијација на шефови на полиции, Директорот на БЈБ г.Александар Јанев учествуваше на панел дискусија за прекуграничната соработка во регионот.

Во текот на дискусијата, Директорот Јанев ја истакна важноста од тесна соработка со соседните држави, која се базира на принципите на доверба, транспарентност и несебична заложба за заедничка борба против криминалот.

Еден од најефикасните начини за водење на истрагите е воспоставувањето на заеднички истражни тимови, во рамки на кои зајакнатата полициско-обвинителската соработка помеѓу инволвираните држави е клучен фактор за успех во истрагите и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Беше презентиран и случај преку кој учесниците и меѓународните партнери можеа од блиску да се запознаат како функционира соработката помеѓу полициите во координација на обвинителствата на Македонија и Косово.

Целта е заедничка, силна посветеност во насока на спречување и откривање на прекуграничниот криминал и сузбивање на криминалните групи и организации кои делуваат во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Трајчулески до Ивановски: Дали финансиска полиција го провери потеклото на парите со кои Мацура ги презеде Алта банка и ЗОИЛ Македонија?

ДЕСК

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи на правосудство за новиот Кривичен законик: Забрзаните рокови не смеат да ја потиснат суштинската дебата

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА НАВОДНО СКРШЕН МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН – Пријавени закани кон малолетничка и нејзината баба

ДЕСК