6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја негира дека испратила војници во Русија

Северна Кореја негираше дека и дала на Русија војници кои би можеле да бидат мобилизирани во конфликтот во Украина, а претставникот на Пјонгјанг во Обединетите нации рече дека таквите тврдења на Сеул се „неосновани гласини“.

„Во однос на таканаречената воена соработка со Русија, мојата делегација не чувствува потреба да ги коментира овие неосновани стереотипни гласини“, изјави претставникот на Северна Кореја на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Овие тврдења на Сеул се „со цел да го нарушат имиџот“ на Северна Кореја и да ги „поткопаат легитимните, пријателски и кооперативни односи меѓу двете суверени држави“, додаде функционерот.

Вчера, Јужна Кореја го покани на интервју рускиот амбасадор во Сеул со барање за „итно“ повлекување на војниците кои, според Јужна Кореја, Пјонгјанг ги испратил да ја поддржат Москва во војната против Украина, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Околу 1.500 припадници на севернокорејските специјални сили веќе се во Русија и се очекува наскоро да одат на фронтот, објави во петокот јужнокорејската разузнавачка агенција.

Сеул очекува дека околу 12.000 севернокорејски војници ќе бидат испратени во Русија./Извор:Makfax