Centar.mk
СВЕТ

Почина најголемиот противник на Ердоган

Фетулах Ѓулен, еден од најголемите политички противници на Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, почина во САД.

Водачот на движењето ФЕТО и турски политичар почина на 83-годишна возраст.

Информации за неговата смрт пренесоа многубројни западни медиуми, кои се повикуваат на извори од семејството. Според неофицијални информации, тој починал поради кардиоваскуларни проблеми.

Ѓулен живеел во САД повеќе од две децении. Тој често беше цел на турските власти, пред сè, затоа што е осомничен дека стои зад обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година.

Потоа неговата организација ФЕТО беше прогласена за терористичка, а многубројни поддржувачи беа прогонувани и во Турција и во странство. Според турските власти, структурата на Ѓулен е обвинета за воспоставување паралелна структура во рамките на владата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК