Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ВМРО ДПМНЕ: По целосната партизација од страна на СДС на безбедносните служби, следи нивна професионализација

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС целосно ја партизираше државата така што и во безбедносните структури, место професионалци, на раководни позиции назначуваше партиски послушници.

Изминатите седум години на власт СДС во клучните Агенции за национална безбедност (АНБ) и за разознавање (АР), од суштинска важност за безбедноста на Македонија, постави некомпетентни и партиски кадри.

Таков е случајот со партискиот функционер, Виктор Димовски кого СДС го постави на чело на АНБ. Димовски беше член на ИО на СДС, кое е највисоко тело во опозициската партија, а беше и член на нивните комисии.

Додека пак Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, злоупотребувајќи ја позицијата, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а од агенцијата направи партиски штаб на СДС.

Исто така, потсетуваме дека СДС изврши партизација и во УБК, кога за директор го постави Миле Зечевиќ, кој своевремено беше висок партиски функционер, а потоа стана и генерален секретар.

Но, за разлика од партиските назначувања на СДС, за ВМРО-ДПМНЕ приоритет е стручноста, професионализмот и компетентноста на кадрите. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби, кои ќе работат за заштита на државните интереси и независноста на службите.

На сите им е јасно дека, ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува практиката на партиска контрола над безбедносните служби. Стручноста, професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи.

Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот и државата, а не како до сега што служеа како инструмент за партизација.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК