Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.

На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион.

Министерот Ѓека информираше дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.

Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК