Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерот за внатрешни работи Тошковски на средба со амбасадорот на Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз

Денеска (18.10.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

На средбата беше потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.

Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК