Centar.mk
СВЕТ

Израелската армија тврди дека е убиен уште еден командант на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека убиле уште еден командант на Хезболах во воздушен напад во јужен Либан.

ИДФ тврди дека е убиен командантот на Хезболах во градот Тајба во јужен Либан, Мохамед Хусеин Рамал.

Во соопштението се наведува дека Рамал е одговорен за планирање и спроведување терористички активности против Израел, пренесува Тајмс оф Израел.

Се додава дека израелските сили истовремено лоцирале и уништиле неколку ракетни фрлачи подготвени за лансирање кон северот на Израел./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +