Centar.mk
РЕГИОН

Двајца работници се повредени во експлозија во воената фабрика „Слобода“ во Чачак

Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак, во централна Србија, одекна експлозија, при што се повредени двајца работници, од кои едниот има изгореници по телото, потврдија од компанијата.

РТС јавува дека 36-годишен работник се здобил со изгореници на лицето и вратот и повреда на раката, а другиот по преглед е отпуштен на домашно лекување.

Од болницата во Чачак потврдија дека работникот со изгореници е ставен на интензивна нега, а од компанијата „Слобода“ соопштија дека тој е „во стабилна состојба“.

„Утринава во осум часот дошло до технолошка експлозија на линијата на лабораторијата за артилериски гранати, во која се повредени двајца работници, на кои веднаш им била укажана лекарска помош“, соопштија од компанијата „Слобода“.

Пред три години во истата фабрика се случија две експлозии со разлика од две недели, кога беа повредени неколку работници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +