Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи го израелскиот атентат врз лидерот на Хамас, Јахја Синвар, рече дека „време е оваа војна да заврши и заробените да се вратат дома“.
Бајден најави нова посета на државниот секретар Ентони Блинкен на Израел. Бајден рече дека му се јавил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да му честита за операцијата, но исто така ја истакнал важноста да се стави крај на конфликтот.
„Време е оваа војна да заврши и заложниците да се вратат дома. Тоа е она што сме подготвени да го направиме“, рече Бајден, додавајќи дека мора да се преземат чекори за да се обезбеди прекин на огнот во Појасот Газа.
Бајден најави дека државниот секретар Блинкен наскоро ќе отпатува во Израел за да разговара со своите израелски колеги за најновата ситуација и процесот на постигнување прекин на огнот.
Министерот за надворешни работи на Израел, Кац, синоќа потврди дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен во напад на Појасот Газа. Синвар беше поставен на чело на движењето во јули по атентатот на поранешниот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран./Извор:Makfax