Centar.mk
Uncategorized

НОВА ТРАГЕДИЈА НА ПАТИШТАТА: Пешак загина по удар од возило, возачот е приведен

На 21.09.2026 околу 01:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на влез во с.Секирник, струмичко, патничко возило „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 39-годишно лице, удрило во 47-годишниот Ѓ.К. од с.Секирник, струмичко.

Во несреќата од здобиените повреди, на местото на настанот починал пешакот, a лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Возачот на патничкото возило „ренџ ровер“ е лишен од слобода и задржан во СВР Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Безбедноста на новинарите е предуслов за слободни медиуми и силна демократија – формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите

ДЕСК

ПОЦ ја отвори хуманитарната зона H – Паркирањето станува можност за хуманост и солидарност

ДЕСК

Јаневска: за оптимизацијата и едносменската настава имаме поддршка од УНИЦЕФ, ефектите од образовните промени се потврдени во извештајот на ЕУ

ДЕСК