Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло време

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност поголема кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Утре наутро постудено, а преку денот сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност и утринските температури ќе бидат малку повисоки, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд и дневните температури ќе бидат пониски за 5 до 7 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.