Centar.mk
РЕГИОН

Рама: Планирам да се кандидирам за четврти мандат, има уште работа

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека планира да се кандидира за четврти мандат, бидејќи, како што рече, „има уште работа“, пренесува А2.

„Планот е да се кандидирам за функцијата. Но, дотогаш има уште време. Верувам дека морам да се кандидирам, бидејќи има уште работа“, рече Рама и додаде дека во текот на неговите три мандати како шеф на албанската влада се направени големи работи, пренесува „Косово онлајн“.

Според него, Албанија не била ниту на картата, а земјата се спомнувала во лош контекст.

„Ја надминавме бројката од 10 милиони туристи во земја во која туризмот беше идеја и сон, но не и реалност. Има борба против корупцијата која мора да стане неповратна. А, со цел да се вее нашето знаме во Брисел во текот на оваа деценија, вреди да се кандидираме за уште еден мандат. Тогаш граѓаните ќе одлучат“, рече Рама./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Србија меѓу првите во регионот што воведува тестирање на алкохол кај летачкиот и кај кабинскиот персонал

C +

Во Хрватска во тек е јавна дебата за изградбата на првата нуклеарна централа

C +

Рама објави укинување на забраната за ТикТок во Албанија

C +