Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Н.Е. Узлем Џанел

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, м-р Фатмир Скендер и проф. д-р Ана Павловска Данева остварија работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија во земјава Н.Е. Узлем Џанел.

Претседателот Костадиновски ја запозна амбасадорката Џaнел со неговите јавно прокламирани приоритети кои се во насока на зајакнување на улогата на Уставниот суд во обезбедувањето на со Устав определената надлежност да ја штити уставноста во поредокот и да го обезбеди владеењето на правото.

“Високо ја ценам улогата, посветеноста и помошта од Кралството Холандија за Република Северна Македонија во унапредувањето на капацитетите и обезбедувањето на владеењето на правото. Враќањето на довербата на граѓаните во правната држава и бескомпромисноста во заштитата на владеењето на правото се императив за Судот и во тој поглед ние сме на иста страна, нагласи претседателот Костадиновски”.

Амбасадорката Џанел ги поздрави приоритетите на претседателот и заложбите на Уставниот суд во заштитата на уставноста.

“Мојата земја е високо посветена на темата владеење на правото како императив и темел на секое демократско општество. Подготвени сме да ги разгледаме можностите и за потесна соработка со Уставниот суд, истакна амбасадорката Џанел.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК