Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Автомобил се преврти, па запали по тешка сообраќајка во Скопје – Повредените со болнички се носеа во клинички

Вечерва околу 20.55 часот било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “bmw” со скопски регистарски таблички.

Како што соопшти МВР возилото марка “шкода” се превртело и се запалило.

Според информациите Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време , а сега се одвива во една коловозна лента.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК