16. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

СЗО одобри вакцина против мајмунски сипаници за тинејџери

Светската здравствена организација објави дека ја одобрила вакцината против мајмунски сипаници на компанијата „Бавариан Нордик“ за адолесценти на возраст од 12 до 17 години – возрасна група која се смета за особено ранлива на болеста, што предизвика голема глобална загриженост.

Во август, Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобален јавно здравствен проблем по втор пат во две години, откако нов тип на вирус се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Во септември, агенцијата на Обединетите нации ја одобри употребата на оваа вакцина за возрасни, олеснувајќи го пристапот до вакцината во тешко погодените африкански земји.

Децата, адолесцентите и луѓето со ослабен имунолошки систем се особено подложни на мајмунски сипаници, вирусна инфекција која обично предизвикува симптоми слични на грип и кожни лезии исполнети со гној.

Мајмунската сипаница е таканаречена вируснаболест која може да се пренесе од заразено животно на човек, а симптомите се слични на оние кои се заразени со сипаници.

Последната одлука на СЗО дојде откако Европската унија го одобри овој лек како вакцина за адолесценти во септември./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украина остана без клучните комуникации на бојното поле

C +

Трамп: Би можел да прогласам вонредна состојба во Вашингтон

C +

Клучните прашања за атентатот врз Кирк остануваат неодговорени: неговата вдовица проговори

C +