Centar.mk
СВЕТ

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Околу 30.400 луѓе, меѓу кои речиси 8.000 деца, се евакуирани од областите што граничат со Украина поради гранатирање и напади, изјави рускиот комесар за човекови права.

Комесарката Татјана Москалкова во интервју за порталот Аргументи и Факти изјави дека сите евакуирани се сместени во речиси 1.000 центри за привремено сместување низ Русија.

Украина, која беше нападната од Русија во февруари 2022 година, возврати со гранатирање и напади врз руските погранични области, при што војската тврди дека нападите се насочени кон инфраструктурата клучна за воените напори на Москва.

Украинските сили уште во август започнаа напад и упаднаа во регионот Курск, преземајќи контрола над десетици места. Оттогаш, тие ги задржаа повеќето од нивните позиции.

Москалкова рече дека и се пожалиле дека сега не се знае каде се наоѓаат повеќе од 1.000 руски државјани на Курск и дека се верува дека биле однесени од украинските воени сили./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +