Centar.mk
РЕГИОН

Дете од една и пол година падна од балкон на четврти кат во зграда во Србија, детето починало на пат кон Белград

Дете на возраст од една и пол година, вчера околу 16 часот паднало од четврти кат во зграда во Нови Пазар и починало. РТС јавува дека детето починало при транспорт за Белград.

Детето кое паднало од четврти кат од зграда во Нови Пазар починало при транспорт во Белград, каде било однесено поради тешки повреди, јавува РТС.

По падот, детето се здобило со тешки повреди на основата на черепот и скршеница на екстремитет, а по првичното лекување во болницата во Нови Пазар е упатено на понатамошна нега во Белград.

На пат кон Белград, здравјето на детето се влошило, по што било реанимирано во болницата во Краљево, јавува РТС.

„Детето престана да дише околу Маглич, по што беше реанимирано два часа“, изјави за РТС директорот на Општата болница во Краљево, доктор Зоран Мрвиќ.

Истрагата утврдила дека детето било во станот со родителите и дека во еден момент излегло на терасата и паднало на платото пред зградата, соопшти српската полиција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК