Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

-Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа. Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена, велат од СДСМ.

„Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.

Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад. Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +