Centar.mk
БИЗНИСвест

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка дава поддршка за младите и за нивниот развој во висококвалификувани кадри, кои понатаму ќе придонесат за економскиот и за општествениот развој на земјата и за нејзината европска иднина. За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка, Анета Крстевска ги примија стипендистите на Европскиот форум Алпбах (ЕФА) ‒ Александар Каратошо, Бесар Бекири, Ана Софеска и Никола Донев, како и членови на Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност ̶ Македонска АЛПБАХ заедница, Марко Палоски и Теа Цветановска, на средба во Народната банка.

На средбата, стипендистите на ЕФА ги споделија своите искуства и идеи во врска со поддршката којашто институциите можат да ја дадат за младите и за нивниот развој, како идна движечка економска и општествена сила. Подетално беше разговарано и за Меморандумот за соработка, којшто Народната банка го потпиша со Клубот Алпбах, во август годинава, со кој се предвидени повеќе активности и проекти во областа на финансиската едукација. Преку соработката и проектните активности се отвораат нови можности за младите, за едукација, проактивност и за иновативност.

На средбата беше посочено и дека преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка постојано работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа во земјава.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК