Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината со сончеви периоди во текот на денот. Утре наутро ќе има услови за појава на слаба магла, или ниска облачност понекаде во котлините. Во петок ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК