8. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Најлошото е зад нас, сè уште има силни налети, но ја гледаме светлината на крајот од тунелот“

Жителите на Гулфпорт, Флорида почнуваат да ја гледаат „светлината на крајот од тунелот“, рече градоначалникот додека ураганот Милтон се движи кон исток.

Градоначалникот на Гулфпорт Сем Хендерсон изјави за Си-Ен-Ен утринава по локално време дека областа доживеала неверојатна количина на ветер и дожд.

„Ова се дефинитивно најсилните ветрови што сум ги видел откако сум на Флорида“, рече Хендерсон.

„Најлошото е зад нас, ветровите се смируваат, сè уште имаме силни налети, но почнуваме да ја гледаме светлината на крајот од тунелот“, рече тој.

Градоначалникот објасни дека повеќето жители сериозно ги сфатиле ураганите Деби и Хелен на почетокот на оваа година и овој пат се евакуирани./Извор:Makfax