Centar.mk
ЛОКАЛНО

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад од скопските општини Чаир и Ѓорче Петров

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше низа активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.

Активностите се одвиваа на неколку локации во општината Ѓорче Петров – на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров и Македонска војска, како и во општината Чаир- на булеварот Втора македонска бригада и на улицата Џон Кенеди.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што е отстранета дива депонија лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +