Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај во Тиват, Црна Гора каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони.

На средбата беше изразено задоволство од тековниот политички дијалог меѓу двете земји, како и од билатералната вклученост во различни регионални и мултилатерални иницијативи што помага во постигнувањето на заедничката цел – јакнење на регионалните врски, градење на просперитетна иднина за граѓаните и унапредување на визијата за меѓусебно поврзан регион.

Претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до албанскиот претседател за успешното отворање на Кластерот 1 во преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ и оцени дека тоа е значајно достигнување не само за Албанија, туку и за целиот регион и дека напредокот постигнат од секоја земја-кандидат од Западен Балкан позитивно влијае на заедничката регионална динамика.

Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова нагласи дека остануваме силно посветени на нашиот сопствен пат кон ЕУ и продолжуваме да ги спроведуваме неопходните реформи, истовремено активно работејќи со нашите партнери од ЕУ на обезбедување одржлив и предвидлив аранжман со цел придвижување на процесот напред.

Соговорниците ја истакнаа и одличната соработка во рамките на НАТО, каде двете земји редовно се координираат и дејствуваат заедно за прашања од заеднички интерес, при што посочија дека партнерството во НАТО е клучен аспект на заедничката безбедност.

На средбата беше разговарано и за малцинските права во двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

ДЕСК

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

C +

Мицкоски: За младите предвидовме проширен опфат за оперативниот план за отворање на бизниси и бесплатен пристап до научни списанија како дел од проектите кои се работат

ДЕСК