Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бербок не исклучува можност дека Украина со германско оружје ќе напаѓа воени објекти во Русија

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека не ја исклучува можноста Украина да нападне воени објекти во Русија со оружје од германски резерви во самоодбрана.

Бербок изјави за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД дека не сака јавно да разговара за тоа колку длабоко нападите би можеле да допрат до руска територија.

Германската министерка истакна дека не треба да се дефинираат конкретни растојанија како „десет, 40 или 200 километри“ бидејќи, како што наведе, руската армија може да има корист од тоа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +