23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Скопје и Велес

Денеска (07.10.2024) во 00.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(20) затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода лице(18), лицето(26) и лицето(25), сите од Велес, затоа што при преглед во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.Т., во кое се превезувале и другите две лица, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 06.10.2024 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода лице(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 06.10.2024 во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ишиле од слобода лице(18) од с.Ново село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.10.2024 во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле лицето(47) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.