Centar.mk
РЕГИОН

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане – Приштина

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане-Приштина, јавуваат медиумите во Приштина.

Порталот Репортерс наведува дека автомобилот паднал во Грачаничкото езеро.

Портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина, Фљора Ахмети, изјави дека медицинските екипи на местото на несреќата констатирале смрт на три лица.

Синоќа околу 23:00 часот добивме информација дека на патот Гњилане-Приштина се случила сообраќајна незгода со смртни последици. Во оваа несреќа учествувало возило во движење“, рече Ахмети.

Полицијата покрена увид за расветлување на околностите на оваа сообраќајна несреќа.

Можеби ќе ве интересира

Дачиќ: Вонредна состојба во осум општини, по временските проблеми, ситуацијата се стабилизира

C +

Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја

C +

Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија

C +