Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Левица: Со ископот на мермер за Бехтел и Енка се загрозува населението и природата

Прес-конференција на Андреј Куцуловски, координатор на Зелениот сектор на Левица:

,,Минирањето на мермерот во близина на селото Ореовец, прилепско, предизвикува сериозни еколошки проблеми коишто ја загрозуваат животната средина и здравјето на локалното население. Не само што физички сe уништувa теренот, туку и се загадувaaт подземните води, кои се клучни за опстанокот на локалната заедница.

Проблематично е и тоа што мермерот кој се ископува не е материјал погоден за изградба на автопати, и е познат по својата декоративна вредност и релативна мекост. Неговото користење како градежен материјал е неколку пати поскапо отколку каменот варовник кој го има во изобилство во државата и веќе активно се ископува.

Оваа несоодветната употреба ја ништи и оправданоста на овој ископ и покрај огромните еколошки последици – потрeбна е ревизија на доделените права за експлоатација.”

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мопедист пренесен во болница

ДЕСК