Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НЕ МРДНУВААТ ОД МЕСТО: Сообраќајна несреќа создаде хаос пред влезот во Скопје

Вечерва е значително отежнат сообраќајот на автопатот Тетово–Скопје, во близина на наплатната станица на влезот во главниот град, каде се формираа долги колони од возила по сообраќајна несреќа.

Според неофицијални информации објавени од повеќе портали, инцидентот предизвикал сериозно забавување на сообраќајот на оваа делница, поради што возачите се движат со намалена брзина и подолго време чекаат во колоните.

Засега нема официјални информации за околностите на несреќата или за евентуално повредени лица. На возачите им се препорачува зголемена внимателност и трпение доколку се движат кон Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК