Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓа дожд, грмежи и засилен ветер, па пресврт – Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза за времето

И утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува слаб локален дожд.

Прогноза за 07.10.2024
Минимална температура: 5°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 08.10.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Утрото постудено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 09.10.2024
Минимална температура: 3°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +