Centar.mk
БИЗНИС

Трајковски извади три врсти јогурт со сменета грамажа на маса со цел да покаже како фирмите се обидуваат да ги заобиколат владините одлуки за есенската кошница

– Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите, рече Горан Трајковски директор на Пазарна инспекција.

– Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите“, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.

Тој пред медиумите извади три врсти на јогурт чии грамажи биле различни од претходно.

Сето ова се прави со цел да се заобиколи владината одлука која наведува точни грамажи на производи и за кои треба да има намалување на маржата.

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК