Centar.mk
СВЕТ

16 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз кафуле на Западниот Брег

Во напад на израелски воени авиони на кафуле во бегалскиот камп Тулкерим, кој се наоѓа на северот на окупираниот Западен Брег, загинаа 16 лица, а многумина беа повредени.

Според соопштението на палестинското Министерство за здравство, израелски воени авиони извршиле воздушен напад врз кафуле во бегалскиот камп Тулкерим.

Наведено е дека во нападот загинале 16 лица, а неколку лица се повредени.

Телата на загинатите како и повредените во нападот се пренесени во државната болница „Маченичка Сабита Сабита“ во градот Тулкерим.

Можеби ќе ве интересира

ПАТНИЦИТЕ ПРЕД НОВИ ПРОБЛЕМИ – Најавен четиридневен штрајк на париските аеродроми

ДЕСК

ИЗРАЕЛ ЈА ПРЕИСПИТУВА ВОЕНАТА ПОДГОТВЕНОСТ – Армијата се враќа на систематски обуки

ДЕСК

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ПРОТИВ ЕБОЛАТА – Во Уганда започна тестирање вакцина

ДЕСК