Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски – Нема покачување на минималната плата

Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците, велат од СДСМ.

„И покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки.

Нема покачување на минималната плата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на Мицкоски не само што не го исполни своето ветување, туку и продолжува да ја игнорира потребата на работниците.

За време на овие 100 дена, не се одржа ниту Социо-економскиот совет. Ова е показател за недостатокот на интерес на актуелната влада за решавање на проблемите на работниците.

СДСМ неколкукратно ја зголемуваше минималната плата преку социјален дијалог. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а СДСМ ја зголеми на 22.000 денари и оваа година минималната плата требаше да порасне повторно.

Денеска гледаме дека Мицкоски и ДПМНЕ ја враќаат политиката на евтина работна сила и понижување на работниците.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК