Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Општина Карпош: Кривичната пријава е политички мотивирана

Соопштение на Општина Карпош:

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР, истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.

Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар. Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.

Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Пукање кон возило во кратовско

ДЕСК

Гаши со честитка по повод Велигден

ДЕСК

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден

ДЕСК