Centar.mk
СВЕТ

Средношколец загина во судар на автобус и автомобил кај Инџија, 36 повредени

Младо момче, средношколец загина во судир на автомобилот што го возел и автобус на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија. Повредени се 36 лица, од кои четворица потешко.

Несреќата се случила утринава околу 7 часот и 30 минути на патот меѓу Инџија и Нови Сад, меѓу раскрсниците Крст и Девиција.

Станува збор за автобус на редовна градска релација, кој, сепак, превезува и многу деца. Според неофицијални информации, младиот човек кој го управувал автомобилот, средношколецот Н.Ш. Повредени се вкупно 36 лица, од кои 27 се згрижени во болниците во Нови Сад, Белград и Сремска Митровица.

Во Клиничкиот центар во Војводина згрижени се 16 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, седум се отпуштени на домашно лекување, а на уште седуммина им е понатамошна дијагностика.

Сообраќајот кој беше пренасочен кон Бешка е нормализиран, јави РТВ.

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Ако Иран го нападне Катар, ќе го дигнеме во воздух најголемото гасно поле

C +

Ормускиот теснец е толку опасен што речиси никој не сака да испрати воени бродови таму

C +

Пентагон бара повеќе од 200 милијарди долари за финансирање на војната со Иран

C +