Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Повторно пресврти со времето – Метеоцентар со детална прогноза

Утре ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер повремено со брзина над 70 km/h. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд повремено пообилни.

Прогноза за 01.10.2024
Минимална температура: 0°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Наутро студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.10.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Наутро студено, преку денот сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец,.

Прогноза за 03.10.2024
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност и од северозапад ќе започнуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието ќе засилува.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК