Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ: Слугите од Влен нè оддалечуваат од Европа и Америка, се приближуваат кон Кина и Русија

-Демократската унија за интеграција смета дека губитниците на претседателските и парламентарните избори од Влен секојдневно не оддалечуваат од интеграцијата во Европската унија и ја приближуваат државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија, велат од ДУИ во денешното соопштение.

„Одлуката на Европската унија да ја одвои Албанија од Северна Македонија во нашиот европски пат е најголемиот неуспех за владата со моноетнички легитимитет.

Ги потсетуваме граѓаните дека албанските партии кои ги загубија изборите потпишаа предизборна декларација и ветија дека никогаш нема да станат дел од влада без промена на уставот и деблокирање на европскиот пат на земјата.

Ветија и дека за три до шест месеци ќе го сменат уставот, во спротивно ќе излезат од владата.

Но, повторно ги излажаа и ги измамија граѓаните.

За само 100 дена ја оддалечија земјата од Европа, предизвикаа непријателства со Грција, Бугарија, Косово и Албанија, а притоа ја доближија до Србија, Унгарија, Русија и Кина.

ДУИ останува цврсто определени да продолжи да биде гардиан на нашето евро-американско партнерство и по ниедна цена нема да дозволи промена на западниот курс на државата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +