27. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Значителни промени со времето, прво 33 степени па пад за 10 степени! Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Сончево и топло време ќе преовладува до сабота попладне кога ќе започне да се зголемува облачноста.

Во недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник кога ќе предизвика значителен пад на температурата (за 8 до 10 степени).

Прогноза за 28.09.2024
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 33°C

Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 29.09.2024
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, особено изразен долж Повардарието.

Прогноза за 30.09.2024
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен северен ветер особено долж Повардарието и во источните делови.