25. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник и целосно ќе ги одбие руските напаѓачи.

„Еден ден во оваа сала сигурно ќе се каже дека војната на Русија против Украина е завршена“, рече тој.

„И тоа ќе се случи не само затоа што некој се уморил од војна, не затоа што некој разменил нешто со (рускиот претседател Владимир) Путин. Војната на Русија против Украина ќе заврши затоа што Повелбата на Обединетите нации ќе функционира. Тоа мора да функционира. Нашето право на самоодбрана ќе надвладее“.

Советот се состана на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Додека Зеленски зборуваше, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, демонстративно ги прелистуваше документите и гледаше во неговиот мобилен телефон./Извор:Makfax