Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски ги остави наставниците без покачени плати, иако им следуваат

-После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори, велат од СДСМ.

„Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата. Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза.

Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието.

Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници.

Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.

СДСМ бара власта да ја смени оваа погрешна политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е нејзина обврска.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК