Centar.mk
фото Centar.mk (c) 2024
МАКЕДОНИЈА

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан, заедно со делегација од унгарската влада, информираат владините служби.

„Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет-а-тет средба со својот унгарски колега во премиерската вила во Охрид на 27 септември, со почеток во 8.45 часот.

Дополнително, во рамките на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27 септември, со почеток во 10 часот, ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид“, информираат од Владата.

На маргините на дводневната посета, според соопштеното, предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.