Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Свежо утро, а преку ден сончево и релативно топло

Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, исто така, утрото посвежо, преку денот сончево и релативно топло време. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +