9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Има загинати – Се судрија автомобил со петчлено семејство и воено возило во Србија

Тежок судир на автомобил и воено возило на патот Краљево-Рашка. Како што неофицијално дознава РТС, во автомобилот имало петчлено семејство, мајка, татко и три деца. Од Министерството за одбрана соопштуваат дека според првичните информации има повредени и загинати. При извршување на редовните задачи, борбеното возило ПАСАРС на Војската на Србија се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе.

Сообраќајната несреќа се случила кај Уш;е, на патот Краљево-Рашка.

При извршување на редовните задачи, борбеното возило ПАСАРС на Војската на Србија во 13 часот и 10 минути во близина на градот Ушче на патот Краљево-Рашка се судрило со цивилно возило, соопшти Министерството за одбрана.

Борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција.

Од Министерството додаваат дека според првичните информации има повредени и загинати.

Надлежните органи излегле на лице место и ќе ги утврдат сите околности на сообраќајната несреќа.

Се претпоставува дека патничкото возило летало под воено борбено возило кое го придружувало.

На тој дел од Ибарската магистрала сообраќајот е во прекин.

Во двата правци има големи колони возила, додека полициската истрага продолжува.