Граѓаните во анкетата „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“ рекоа дека се за воведување на сексуално образование во училиштата, со цел младите да бидат едуцирани и свесни за последиците, но и правилно да научат.
„Помладата генерација треба од мали нозе да биде свесна за последиците“, „Децата, кои ги нарекуваме така деца, на вистински начин да ги научат нештата“ – се дел од одговорите кои ги дадоа граѓаните пред камерата на „Трн.мк“.
Граѓаните исто така се согласуваат дека сексуалното образование треба да се воведе во основно, односно децата од 12-13 години да се запознаат и да бидат изложени на вистинските информации, пред да биде доцна.
На прашањето „Да си ти министер/ка за сексуално образование, што ќе направиш во првите 100 дена од твојот мандат?“, добивме повеќе оригинални одговори. „Во последните 33 дена би вовела сексуално воспитување на популацијата, но со мултидисциплинарен тим, прилагоден според возраста и категориите во процесот на едукација“, вели една граѓанка, инаку лекарка.
Анкетата „Внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните го предизвикува артистот Дениз Абдула, во продукција на „Трн.мк“.